Хулиган на Еспањол одлучи да ја уништи ТВ камерата, но не очекувал ваков потег на режисерот

Снимката брзо се проширила на Твитер, а тоа приврзаникот на домашниот клуб сигурно не го очекувал.

Фудбалерите на Барселона ја обезбедија својата 27-ма титула шампион на Шпанија откако во средбата од 34-тото коло на гостувањето го победија градскиот ривал Еспањол со 4:2.

Google search engine

Освен што ја осигури титулата, Барса со оваа победа го турна својот градски ривал поблиску до „Сегунда“. Еспањол моментално е на 19-то место со 31 бод, четири помалку од зоната за спас.

По двобојот започна луда прослава на играчите на Барселона на центарот на теренот, а тоа никако не им се допадна на домашните навивачи кои влетаа на теренот и почнаа да ги напаѓаат играчите на Барселона.

Ѕвездите на Барса на време побегнаа во соблекувалната, но видното незадоволство продолжи меѓу домашните навивачи.

Така еден хулиган одлучи да ја уништи ТВ камерата, а во тој поход го скрил лицето, но режисерот на преносот бил поитар ги следел малку подолго во крупен кадар.

На навивачот му се видело целото лице, а таа снимка го преплави Твитер и веројатно ја виделе сите кои требало да ја видат.