Екипата на емисијата ХРТ Пулс поминала неколку часа на одделението за КОВИД во сплитската болница и како што истакнуваат, бела сведок на битката за секој живот што таму неуморно се води.
– Ова е правата вистина за борбата против коронавирусот. Ве предупредуваме дека видео снимки може да ве вознемират, нагласуваат во објавата на Фејсбук од ХРТ Плус.
Епидемијата во Хрватка, како што велат од ХРТ Вести, не стивнува. Поради КОВИД, во болниците има повеќе од 2.500 пациенти, од кои 323 се на респиратор. Од 60-те починати, 46 не биле вакцинирани, а десет биле на возраст меѓу 38 и 62 години.