Храбра оценка на данските медиуми: Како Бајден му помогна на Путин да ја преземе доминацијата во Европа

Професорот по историја, Хенрик Јенсон во колумната за данскиот весник “Jyllands-Posten” изразил мислење дека одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да не го спречува пуштањето во работа на рускиот гасовод “Северен тек 2” кардинално ја променила рамнотежата во Европа во корист на Москва.

Историчарот ја обвинил Русија за организирањето на мигрантската криза на границата меѓу Полска и Белорусија и нагласил дека ЕУ не може да го реши тој проблем.

Google search engine

“Пред неколку години ЕУ можеше да разговара со Русија од позиција на сила. Тоа веќе не е случај. Денеска е сосема спротивно. Нешто многу важно се случи кога Џозеф Бајден даде зелено светло за гасоводот на Путин “Северен тек 2″. И тоа не само во државите низ кои тој минува”, напишал Јенсон.

Според неговото мислење, Европа ослабува, не само како како геополитички играч кој не може да пронајде ефикасна стратегија во услови на мигрантска криза на полско-белоруската граница, туку и на културен и интелектуален план.

Како што укажал Јенсон, во водечките европски држави сега постојат силни групи на луѓе кои сопствената цивилизација ја сметаат како “штетна за светот”. Како што објаснил експертот, тие во западната историја гледаат историја на угнетување. Покрај тоа, тоа движење не смета дека “културно разредување”, предизвикано од зголемениот проток на мигранти, може да претставува опасност. Поради влијанието на овие насоки, европските лидери немаат јасна визија ниту можат да донесат реална одлука за европската безбедност, заклучил Јансен.