За многумина од овие парови никогаш не би можеле да кажеме дека ќе завршат „неславно“.
Џејсон Судеикис и Оливија Вајлд
По 10 години врска и седум години веридба, познатиот актерски пар решил да се раздели. Тие истакнале дека ќе останат во добри односи само поради нивните деца.

Бред Пит и Никол Потуралски
Долго се пишуваше за врската на актерот и младата девојка, а извор изјави дека нивната врска секако дека не била сериозна, па поради тоа дошло и до нејзин крај.

Џонa Хил и Џана Сантос
Парот не ги изнел деталите за раскинувањето во јавноста, но нивната едногодишна веридба завршила.

Сиена Милер и Лукас Звирнев
Парот се вери во месец февруари 2020 година, а ги поврзуваа уште во 2018 година, но за жал дошол до крај на нивната врска.

Офсет и Карди Би
Раперката и нејзиниот партнер наводно раскинале, а имаа и турбулентен однос и предизвикаа збунетост кога се појавија заедно во јавноста. Се шпекулира дека Карди барала старателство над нивната ќерка.

Џенифер Гарнер и Џон Милер
Актерката и богатиот бизнисмен се забавуваа во текот на 2018 година, а сега наводно ставиле крај на нивната врска.

Скот Дисик и Софија Ричи
Манекенката и поранешниот сопруг на Кортни Кардашијан имале бурна врска која што на крајот завршила. Беа заедно три години, а се шпекулира дека токму поранешната сопруга на Скот е причината за нивната разделба.

Меган Фокс и Брајан Остин Грин
Познатиот пар неколку пати се обиде да го спаси својот брак, но не успеаја. Актерката подоцна си најде и помладо момче. Поради нивните деца тие наводно останале во добар однос, но Меган го критикуваше поранешниот сопруг за Ноќта на вештерките на Инстаграм кога објави фотографија со своите деца.
