Холивудската ѕвезда се венча за мистериозното момче кое го интригира Балканот

Ѕвездата од серијата „American Horror Story“ и хитот на „Netflix“„Russian Doll“ Клои Севињи и Синиша Мачковиќ, директорот на уметничка галерија со потекло од Балканот, по вторпат се венчаа, две години по граѓанската церемонија во Њујорк.

Тие овојпат се венчале пред своите пријатели и семејствата во црквата Талмаџ Хил во Дариент, приморски град во кој Клои пораснала.

Google search engine

Актерката изгледала божествено во белиот фустан којшто го дизајнирал Глен Мартинс.

По церемонијата, невестата и зетот заминале со ретро Мерцедес кабриолет со натпис „штотуку венчани“.

Парот првпат се венчал на 9 март 2020 година, две месеци пред раѓањето на синот. Церемонијата била одржана една недела пред Њујорк да влезе во карантин, на почетокот од пандемијата. Севињи тогаш носела црн фустан .

Ова е прв брак за актерката, која претходно била во врска со Винсент Гал, актерот Џејсон Сигал и пеjaчот од групата „Pulp“ – Џарвиш Кокер.

Како што пренесува „Page Six“, Синиша Мичковиќ е со српско потекло. Меѓутоа, тој на Инстаграм објавил свој личен документ на кој се гледа дека е роден во Загреб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Siniša (@sinisamackovic)

Тој работи како директор на „Karma“ – уметничка галерија во Њујорк, уште од 2011 година.