Холивудската ѕвезда престојува во Белград: Еве и кои места ги посетува

Планетарно популарната актерка Кејт Хадсон, после одморот во Грција со семејството, пристигнала во Белград, каде се снима продолжението на филмот „Нож во грб“.

Со оглед на својата непосредност и авантуристички дух, Кејт со сопругот Дени Фуџик и ќерката, тргнала во прошетка низ градот, а една од локациите бил и Музејот на Никола Тесла, кој ја воодушевил.

Google search engine

Директорката на музејот, Ивона Јевтиќ, се огласила преку својот Инстаграм профил и го споделила искуството со запознавањето со актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Muzej Nikole Tesle (@teslamuzej)

„Чест ми е што денеска беа познати холивудски актери и што одвоија време покрај сите обврски да дојдат во Музејот на Никола Тесла. Прекрасната Кејт Хадсон со својата непосредност покажа дека иако е толку славна, живее како целиот нормален свет“.

Американката била многу лежерно облечена, а пунџата и очилата биле типични за љубопитен турист.