Холандската полиција крвнички ги растерува демонстрантите: Фотографии и снимки од полициската бруталност

Полицијата се судри на улиците на Амстердам и Ајндховен со демонстранти, кои протестираат против воведениот локдаун.

Холандската полиција не бира средства да ги разбие демонстрациите, а фотографиите и снимките од нејзината бруталност го преплавија интернетот.

Google search engine

Полицијата користела водени топови и тоа не само во правец на масата, туку и кон поединци, што сигурно предизвикува тешки повреди, како што се гледа на примерот на девојката од снимката, чија глава е крвава после ‘интервенцијата’ на полицијата.

Бројот на повредени засега е непознат. Денеска попладне е објавено дека се уапсени повеќе од 200 демонстранти.

Да потсетиме, во саботата навечер, за време на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите во холандското рибарско село Урк ја запалиле лабораторијата за тестирање на коронавирус и фрлале петарди. Во неделата почнале демонстрации во големите градови.