Холандија прва од западна Европа го враќа делумното затворање

Холандија ќе биде првата западноевропска држава која, уште од летото, ќе воведе делумен локдаун, па рестриктивните мерки ќе стапат на сила претстојниот викенд, објавил денеска холандскиот јавен сервис “NOS”.

Кафулињата, рестораните и непрехранбените продавници ќе мора да се затворат до 19:00 часот најмалку три недели, почнувајќи од утре, навел сервисот, цитирајќи владини извори.

Google search engine

На луѓето ќе биде апелирано да работат од дома максимално колку можат, а публиката нема да може да присуствува на спортски настани наредните недели, додал “Reuters”, пренесува “Tanjug”.

Училиштата, кино-салите и театрите ќе останат отворени.

Привремената влада на Марк Руте до вечер ќе донесе одлука за новите мерки и ќе ја објави на прес-конференцијата закажана за 19 часот.

Бројот на инфекции од коронавирус брзо се зголемил откако се укинала социјалната дистанца кон крајот на септември, па постигнат е рекорд во бројот на заболени за 24 часа во четврток и изнесувал 16.300.

Во Холандија ревакцинирани се 85 проценти од полнолетните граѓани, а бустер дозите засега се одобрени само за мала група на луѓе – имунокомпромитираните лица и луѓето постари од 80 години.

Минатиот месец околу 55 проценти од пациентите во холандските болници и околу 70 проценти од тие на интензивна нега биле невакцинирани или делумно вакцинирани, покажале податоците на Холандскиот иститут за здравје.

ПретходнаКасами за откажувањето на пратеникот за гласање недоверба: Не сум изненаден
СледнаКритична ситуација во повеќето земји: Најновата корона-карта е загрижувачка