Хит видеото: Еден од најмоќните политичари во Белгија даде интервју во долна облека

Градоначалникот на Антверпен, Барт де Вевер, бил „уловен“ како новогодишното интервју го дава во долна облека.

Де Вевер 2021 година ја започна на непријатен начин, кога водителката во интервјуто изјавила „дека носи убава кошула“ и потоа го прашала „дали е можно наместо панталони да носи долна облека“, пренесува бриселски „Политико“.

Google search engine

Де Вевер, е шеф на сепаратистичката партија Нов фламански сојуз (Н-ВА) и еден од најмоќните политичари во Белгија, а грешката е во тоа што одлучил интервјуто да го дава пред огледало, во кое што се гледало одразот од неговите голи нозе.

„Како знаете?“, ја прашал Де Вевер новинарката, а потоа додал дека тоа е така поради тоа што седи пред огледало.

„Не размислив за тоа. Нова година ми започна со непријатен момент. Долго ќе го паметам“, изјавил тој.