Хит снимка: Бразилки со скокање ја отвориле земјата

На социјалните мрежи овие денови кружи хит снимка од група Бразилки кои со своите скокање успеале да го скршат бетонот и да паднат во дупка.

Имено, групата жени го славеле роденденот на една од нив. Пријателките се прегрнале и скокале радосно на песна, кога бетонската плоча во дворот на куќата пукнала и тие паднале во дупка.

Google search engine

Една од жените, Габриела Карваљо, за бразилски „G1“ изјавила дека девојките почувствувале дека земјата се тресе, но дека не обратиле премногу внимание на тоа, сè додека не завршиле во дупка.

„Беше страшно. Навистина потонавме. Имав впечаток дека ќе завршам на некое сосема друго место“, раскажала Карваљо.

Жените, за среќа, минале само со полесни повреди и модринки, а забавата продолжила.