Фотографијата од оваа бизарност на Фејсбук ја објави Дневната доза на просечен Далматинец, а многу следбеници останаа шокирани, додека други брзо почнаа да се шегуваат.
Социјалните мрежи останаа во шок по објавената фотографија од комбе од Австрија кое на пат кон Јадранско Море носеше нешто необично.
Имено, во тунелот Мала Капела е снимено комбе како патува во правец на морето , а освен велосипедите закачени на него, имало и ковчег на покривот.
Фотографијата од оваа бизарност на Фејсбук ја објави Дневната доза на просечен Далматинец, а многу следбеници останаа шокирани , а други брзо почнаа да се шегуваат.
“Фламинго повеќе не е во мода”, се вели во коментарите.
“Се враќаат од гласање”, се шегуваат други.