Хит фотографија: Роберт де Ниро се забавувал во Белград – ракија и оро…

Интересна фотографија се шири по социјалните мрежи со брзина на светлината.

Популарниот холивудски актер со италијанско потекло – Роберт де Ниро, има интересни спомени од Белград.

Google search engine

Оваа несекојдневна сцена била забележана со фотоапарат во далечната 1976 година, а на својот Фејсбук профил истата ја споделил Горан Весиќ, со порака: „Белград е свет“.

 

Имено, познатиот актер Роберт де Ниро, пред 60-на години се заљубил во Србија кога престојувал во некое семејство во близина на Ниш.

Верувале или не, тој престојувал во селото Чокот, а постојано јадел домашна погача и сирење. Некои од селаните се присетуваат дека тој стопирал автомобили на патот за да го пренесат до некое место, но тогаш никој не знаел кој ќе биде тој младич еден ден.

Љубезното семејство Ѓокиќ во селото му понудило соба, а поминале три дена заедно со разменати насмевки и неколку реченици, а де Ниро им помагал во извршувањето на секојдневните обврски.

Кога де Ниро тргнал да си оди семејството каде што престојувал му ја наполнило торбата со домашна погача и сирење, за да му се најдат за понатаму.