ХЕРОЈОТ НА УКРАИНА ЈА ШОКИРАШЕ НАЦИЈАТА: Мојата сопруга е русинка! За неа моето одење во војна беше предавство

Украинскиот тенисер Сергеј Стаховски пред неколку дена објави кореспонденција со Новак Ѓоковиќ. Имено, српскиот тенисер се понудил да им помогне нему и на Украинците, распрашувајќи се како може безбедно преку него да им достави хуманитарна, финансиска или каква било помош на Украинците.

Стаховски е многу активен и на социјалните мрежи, особено во последно време, по руската инвазија на Украина тој призна дека неговата сопруга е Русинка.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anfisa (@anfisabeautycoach)

Тој пресече и отиде во Киев да ја брани својата татковина. Тој во моментов е достапен на украинската армија во главниот град, каде често дава бројни изјави за исто толку голем број новинари.

Стаховски живее во Унгарија со сопругата и нивните три деца. Неговата сопругата е руската манекенка Анфиса Булгакова.

Жена ми беше лута. Таа ги разбра моите причини и одлука, но за неа тоа беше предавство. Ја разбирам. Не им кажавме на децата каде отидов, но тие самите наскоро ќе разберат. Се надевам дека ќе можам повторно да ја видам и да и се извинам што отидов во војска – вели украинскиот тенисер.

Булгакова не е лута што Стаховски оди во војна, на спротивната страна од нејзиниот народ, туку затоа што ја остава сама со децата. На крајот и самата Булгакова ја поддржа Украина на нејзините социјални мрежи.

Беше тешко да се донесе одлука. Имаме три деца. Но, да останев дома и да не се вратев во Украина, ќе се чувствував виновен. И сега се чувствувам виновен што го напуштив семејството. Бевме на одмор во Дубаи кога почна војната и немав поим дека тоа ќе се случи – рече Стаховски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anfisa (@anfisabeautycoach)