Хаос во Суецкиот канал: Голем брод предизвика невидена блокада

Голем товарен брод го блокираше Суецкиот канал откако се насукал под налет на силен ветар. Поради ова, стопиран е водниот сообраќај во една од најфреквентните трговски траси на светот.

Станува збор за тајвански брод на компанијата „Марин Евергрин“ долг 400 и широк 59 метри. Бродот е насукан така што оневозможува другите бродови да поминат низ каналот.

Google search engine

Надлежните власти соопштија дека прават се за да му помогнат на бродот што поскоро да го продолжи својот пат, иако се стравува дека блокдата на фреквентниот канал би можела да потрае со денови.

Суецкиот канал ги поврзува Средоземното и Црвеното море и е од огромно значење со оглед на тоа што значително ја скратува поморската врска помеѓу Европа и Азија.