Хаос во судницата на судењето на деценијата – општа кавга, адвокат се заканува, Вељко се смее: Еве како реагирал Беливук кога се спомнала неговата сопруга

Судењето на Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и уште 30 обвинети за седум убиства и недозволена трговија со наркотици, поседување оружје, силување и киднапирање продолжило денеска во Специјалниот суд во Белград, а досега одбрана изнеле 11 обвинети.

На говорницата во судот својата одбрана ја изнел Александар Вучељиќ кој исто така како и Георгиев навел дека не се точни наводите дека тој бил член на криминалната група.

Google search engine

Кавга во судницата

Адвокатот Весна Голубовиќ го прашала Вучељиќ дали знае кој ги ангажирал наводните платеници од Хрватска да влезат во конфликт со другата навивачка фракција на Партизан во 2017 година, наведувајќи дека оштетените се сомневаат дека тоа довело до смрт на Горан Величковиќ.

Вучељиќ изјавил дека не знае кој ги платил хрватските државјани, но ова прашање довело до кавга и расправа во судницата

Вучељиќ: Ајде само да ја прекинеме оваа кавга, расправа.

Судијката им порачала на адвокатите: Следниот пат ќе бидете опоменати.

Адвокатката на Величковиќ: Со кого се соочивте?

Вучељиќ: Се соочив со забранетите, тоа беше претходна поделба, конкретно Јанг бојс екипата.

Адвокатката Весна Голубовиќ прашала дали го познавал убиениот Величковиќ?

Вучељиќ: Знам кој е навивачот, но немавме можност да се сретнеме зошто кога јас одев тој не одеше, и обратно.

Адвокатката: Дали ви е позната неговата позиција, дали бил водач на некоја група?

„Беше водач на една од фракциите на истокот“, изјавил Вучељиќ на што реагирал неговиот адвокат и се заканил дека ќе ја напушти судницата доколку обвинетиот продолжи да одговара на пршањата.

Потоа адвокатот му се заканил на Вучељиќ дека ќе му го укине полномошното доколку не го послуша затоа што веќе петти пат му кажува да не одговара на прашања, на што Вучељиќ потврдил дека повеќе нема да одговара.

Судијката одредила пауза од 40 минути, по што одбраната требала да го изнесе Милован Тадиќ, поранешно момче на старлетата Тијана Ајфон којшто освен по врската со неа јавноста го познава и по тоа што му се суди за претепување на гостин во клубот Тилт (Слободан Вукиќ) во кој работел како обезбедување. Вукиќ починал по здобиените повреди.

Општа атмосфера во судницата

Кога судијката на почетокот на судењето го прочитала името на Спасојевиќ, Миљковиќ започнал да се смее.

За време на одбраната на Александар Вучељиќ и додека зборувал за Бојана Беливук и рекол „видов дека беше среќна“, Веља Неволја ја спуштил главата и цело време седел така, а додека Вучељиќ зборувал за Бојана, Веља кимал со главата.

Кога Вучељиќ зборувал за силуваното момче и рекол „дека се чувствувала потта“ Беливук почнал да се смее, а продолжил во истиот манир и по реченицата „полицијата влезе со пушки“.

Останатите обвинети зборувале меѓу себе во текот на траењето на рочиштето.