Хаос во Солун, навивачите го прекинаа дербито, летаа димни бомби и пендреци

Продолжува дивеењето на навивачите во Грција. Последниот во низата инциденти се случи на солунското дерби помеѓу ПАОК и Арис, кога навивачите го прекинаа натпреварот во втората минута од судиското продолжување, при водство на гостите со 1:0.

Google search engine

Шкотскиот судија Боби Меден беше принуден да ги испрати играчите во соблекувалната кога незадоволните симпатизери на ПАОК влегоа на теренот.

Претходно на теренот фрлаа тврди предмети, факели и димни бомби …

И покрај големото обезбедување тие успеаја да го прекинат натпреварот, а потоа на терен беше и полицијата за да ги смири тензиите.

Единствен стрелец беше Даниел Манчини во 41. минута.