Демонстрантите кои се собраа на плоштадот Република во Љубљана маршираа низ улиците против владините мерки предизвикани од коронавирусот.
Набргу потоа, полицијата возврати со водени топови и солзавец.
Протестите беа прекинати, но демонстрантите беа само расштркани по помалите улици, а полицијата ги следеше од воздух, односно од хеликоптер што лета над пошироката област на центарот на словенечката престолнина, пренесува Кликс.ба.
Spet vodni top 🌊. Protestniki so se razkropili po Celovški in po parku Tivoli. #protest @24UR @24ur_com pic.twitter.com/MsiZVOiUjq
— Tina Hacler (@TinaHacler) October 5, 2021
Ги повикуваме сите мирно да ја напуштат областа на центарот на Љубљана и да ги следат упатствата и наредбите на полицијата, соопштија од словенечкото МВР.
Демонстрантите нагласија дека ова е протест против условите на ПЦТ (вакцинирани, прележани, тестирани) и против владата предводена од Јанез Јанша.
Со повеќе од еден час задоцнување, организаторите ги започнаа своите говори, а како причина за одложувањето наведоа дека уште триесетина автобуси ги чекаат учесниците на собирот, но полицијата не им дозволи да поминат. Новинарите на порталот 24ur ги проверија тие наводи и добија информација од полицијата дека нема запрен автобус.
Kmalu se vračamo kljub solzivcu v prostorih in razbitem steklu na vhodnih vratih. pic.twitter.com/IwQgVt5uQy
— Katja Šeruga (@KatjaSeruga) October 5, 2021
По полициската офанзива, демонстрантите се вратија на плоштадот Република, но во помал број.
Инаку, во светло на најавата за нов масовен протест против владините мерки во Љубљана, пред самитот ЕУ-Западен Балкан, кој започнува денес, словенечката влада за првпат го активираше членот 9 од Законот за полициски должности и овластувања во историјата на независноста.
Ова значи дека полицајците ќе ги предупредат луѓето што излегуваат на протест и во случај на непочитување на упатствата, можат да дејствуваат насилно. Ова значи дека се е исто како и досега, само што во овој случај не е потребно претходно насилство за преземање полициска акција.
Организаторот на протестот против епидемиолошките мерки веќе најави дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд поради одлуката која, како што велат, е „незаконска и неуставна“.