Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици меѓу нив. Инцидентот се случи откако опозицијата ја напушти собраниската сала.

Претходеше жестока дебата на опозицијата со министерката за надворешни работи, Доника Гервала по што пратеникот од редовите на ПДК, Абелард Тахири побара разрешување на министерката Гервала.

Google search engine

Министерката за образование и наука Арбери Нагавци изјави дека сакала да ги смири пратениците и дека пратеникот од ДПК, Хајдар Беша ја турнал, а таа возвратила со иста мерка, пренесува „Газета експрес“.

„ Тоа беше голема група пратеници на чија средина беше потпретседателот на Собранието, Саранда Богујевци. Богујевци ги замоли пратениците кои сакаат да ја напуштат салата и оние кои сакаат да останат на седницата. Се обидов да интервенирам и да ја отстранам Богујевци од таа ситуација. Ја видовте реакцијата на пратеникот од редовите на ДПК, Хајдар Беца, кој ме поттурна и јас возвратив“, рече Нагавци.

ПретходнаХОРОР ВО САД: Девојче од 6то одделение извадило пиштол од ранецот за време на час и застрелало три лица
СледнаНа фризерката и покажала фотографија како сака да изгледа – крајниот резултат ќе ве запрепасти