На околу 2.500 лица им е забрането да се качат на траекти до грчките острови само во последните три дена, бидејќи немале потребна документација, изјави денес министерот за бродарство и островска политика Јанис Плакиотакис.
Крајбрежната стража има задача да провери дали мерките се применуваат во пристаништата од 13 јули, поради загриженост дека грчки и странски туристи кои патуваат од и до островите, доведуваат до зголемување на инфекциите со коронавирус, пишува Катимерини.
Плакиотакис призна дека пред крајбрежната стража да ја преземе должноста на пристанишните власти, бидејќи проверките биле несоодветни.
Затоа крајбрежната стража ги презеде проверките пред да се качувањето на траектите и бродовите, рече тој за Отворена телевизија.
Грчките власти мораа да ги засилат мерките против коронавирус, поради зголемувањето на бројот на нови случаи на некои популарни летни дестинации.
Патниците на островите мора да покажат или потврда за вакцинација против ковид 19 или доказ дека го прележале вирусот или негативен ПЦР тест направен во рок од 72 часа пред поаѓање или негативен брз тест направен 42 часа пред патувањето.
Од 16 јули невакцинираните патници кои се враќаат во континентална Грција ќе мораат да покажат негативен тест или брз тест за да се качат на траектот.