Хаос на аеродромот во Кабул: Авганистанците очајно бегаат од талибанците

Американските сили на аеродромот во Кабул беа принудени да пукаат во воздух кога толпа луѓе излегоа на пистата, со цел да ги спречат да се качат на воени авиони, потврди американски претставник за „Ројтерс“.

Официјалниот претставник рекол дека воените летови од Кабул биле наменети само за дипломати и вработени во локалната амбасада.

Google search engine

Телевизијата Ал Џезира објави дека има хаос на аеродромот во Кабул, дека хеликоптерите ги носат вработените во амбасадите и дека аеродромот е полн со граѓани кои очајно сакаат да се качат на летовите за да избегаат од талибанците, кои вчера влегоа во Кабул.