ФИФА и нејзиниот претседател, Џани Интафино се се погласни во нивната желба светските првенства во фудбал да се одржуваат на секои две години, но тоа наиде на остри реакции од Асоцијацијата на Европски клубови (ECA) во која членуваат 234 клубови од стариот континент.
Клубовите се основата на се и нивниот глас мора да се слуша. Во нив се најмногу вложува, во нив се создаваат играчите, нив ги гледаат навивачите и локалните заедници. Нас никој ништо не не праша, ФИФА сака да реализира се на нејзина рака. Јасно е дека првенство на секој две години би создало сериозни проблеми за клубовите, стои во соопштението од Асоцијацијата на Европски клубови.
На асоцијацијата им се придружи и им даде подршка Европската куќа на фудбалот, УЕФА, која остро се спротистави во идеата за првенство на секои две години. Истиот став го дели и CONMEBOL, јужноамериканска фудбалска федерација, додека подршка на ФИФА и дава Азиската фудбалска федерација.
ФИФА започна агресивна кампање, без никакво консултирање со клубовите. Тоа е неприфатливо, а предлогот е деструктивен. Асоцијацијата е против оваа идеа, бидејќи најмногу ќе бидат оштетени клубовите и клубските натпреварувања, стои во соопштението на ECA.