Хали Бери и во шестата деценија од животот воодушевува со фотографии во бикини

Холивудската актерка Хали Бери воодушевува со својот изглед и на 56-годишна возраст, а својата фигура на тело ја покажала во последните објави на Инстаграм.

Актерката на својот Инстаграм профил објавила неколку фотографии во бикини на кои се гледа нејзината завидна фигура на тело, а во описот нa објавите потврдила дека ги поттикнува своите пријатели на здрав начин на живот.

Google search engine

„Погодете што? Фитнес во петок се враќа. Питер Ли Томас и јас си отидовме од работа, а не сме се виделе одредено време, но се вратиме и подготвени сме да ви покажеме дадеме повеќе Фитнес Петок забава и совети и да продолжиме да ве поттикнуваме на вашиот фитнес-пат“, напишала Бери во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Бери на фотографиите трча по плажата, а друштво ѝ прави нејзиниот личен тренер.

„Нема изговори, имаш една недела да се подготвиш. Повторно да станеме фит заедно. Среќен фитнес петок“, напишала во последната објава во низата и додала дека верува дека нејзините пријатели можат да тргнат по нејзиниот пат и да започнат поздраво за живеат.

Нејзините објави воодушевиле бројни следбеници кои го коментирале изгледот на актерката:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

„Да, и натаму изгледаш убаво“, „Прекрасно тело“, „Вие сте мојата цел“, „Неверојатна фигура“, „Апсолутно неверојатна“, „И, ти имаш 56 години? Невозможно“, „Твоето тело е неверојатно“, се само дел од коментарите.

Актерката во интервју во 2020 година открила дека започнала сериозно да се занимава со фитнес поради своите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

„Се чувствувам и изгледам помладо од кога и да е затоа што сакам да бидам тука за своите деца. Сакам да бидам тука и за своите внуци, а не само да гледам како се раѓаат. Сакам да гледам како растат“, изјавила таа.

Инаку, Хали Бери има две деца, 12-годишна ќерка и 6-годишен син.