Очигледно актерката Хали Бери е презадоволна со својот изглед, а тоа не го крие од јавноста.
Холивудската актерка Хали Бери (54) често позира во разголени изданија, а овој викенд на својата тераса со своето ново момче Ван Хант повторно го направила тоа.
„Со тебе е поедноставно“, напишала Хали во описот на видеото на кое што топлес танцува со своето момче.
View this post on Instagram
На интернет веднаш почнале да се нижат коментарите во кои што обожавателите ја прашуваат како го снимила ова видео, но актерката не се огласила на таа тема.
Некои од луѓето велат дека е можно нејзината ќерка Нала (12) да ги снимила Хали и нејзиното момче или пак можеби тоа бил нејзиниот син.
Да ве потсетиме, Хали е во врска со Ван Хант од ова лето кога и го потврдија тоа на социјалната мрежа Инстаграм и објавија нивна заедничка фотографија од кревет на која што се гледаа само нивните нозе, но не се знаеше кој е партнерот на актерката. Набрзо потоа на социјалната мрежа таа го откри мистериозното момче кое што ѝ го освоило срцето, а парот оттогаш има објавено неколку заеднички фотографии.
Пред Хант, актерката во 2017 година беше во кратка романса со продуцентот Алекс Да Кид, но врската им траела само шест месеци.
Хали Бери неодамна раскажала дека во текот на карантинот се обидувала да вежба секое утро затоа што својата фигура на тело не сакала да ја стави во втор план.
„Пронајдов начин како секојдневно да вежбам, да работам и да се посветам на моите деца“, изјавила таа за „People“.