Русија започна сајбер напади врз комерцијални сателитски комуникациски мрежи кон крајот на февруари оваа година за да ја наруши украинската команда и контрола, изјави денес американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Тие дејствија ги погодија другите европски земји, додаде Блинкен во соопштението, пренесува Ројтерс.
Соединетите држави развија нови механизми кои ќе и помогнат на Украина да ги идентификува сајбер заканите и да се опорави од сајбер инцидентите, а заедно со своите сојузници преземаат дополнителни чекори за зајакнување на одбраната од руските дејствија, изјави Блинкен, пренесува британската агенција.