Хакери откриле дека Цукерберг ја користи конкурентската апликација!

Меѓу 533-те милиони корисници на “Facebook” чии податоци се јавно објавени во еден од најголемите случаи на протекување во историјата, се најдоа и личните податоци на првиот човек на компанијата, Марк Цукерберг.

Хакерите го откриле телефонскиот број на Цукерберг, датумот и местото на раѓање, брачниот статус, корисничкиот ИД, како и тоа дека сопственикот на најголемата социјална мрежа на светот ја користи апликацијата “Signal” – конкурентска апликација за комуникација.

Google search engine

Безбедносниот експерт Дејв Вокер на „Твитер“ напиша: „Во необичниот пресврт на настаните, откриено е дека Цукерберг исто така ја почитува сопствената приватност и користи апликација за допишување која има “End-To-End” енкрипција и не е во сопственост на неговата компанија“.

Ова откритие е големо изненадување со оглед на тоа што Цукерберг во последните неколку месеци со сите сили ги брани неодамнешните промени на правилата на приватност на “WhatsApp”, апликација за комуникација која ја купи во 2014-та година и е во сопственост на “Facebook”.

Имено, апликацијата “WhatsApp” наскоро ќе започне да ги споделува информациите за корисничката сметка со “Facebook”, поради што голем број на корисници одлучија да ја напуштат апликацијата и да преминат на некоја од алтернативните апликации за допишување, како што е “Signal”.