Една од најдобрите манекенки на сите времиња може да се пофали со извајано тело и младешки изглед, а тоа често го истакнува.
48-годишната Хајди Клум неодамна се пофалила на Инстаграм со фотографии и кратко видео на кое позира во провокативен фустан на норвешкиот дизајнер Питер Дандас.
Хајди изгледала феноменално во долгата тоалета во впечатлива жолта боја која напред е целосно затворена, а од страните и на грбот е споена со тенки врвки.
View this post on Instagram
Клум ја заокружила целата комбинација со едноставни златни папучи со висока потпетица.
Инаку, манекенката оневозможила коментирање под оваа провокативна објава, но тоа не ги спречило нејзините фанови да го изразат своето мислење на Твитер и другите социјални мрежи.
View this post on Instagram
„Има неверојатно тело“, „Ова е она што јас го нарекувам совршен изглед“, „Победничка на генетска лотарија“, „Подобра од сите Кардашијанки заедно“, „Позгодна е од повеќето жени кои се двојно помлади од неа“, се само дел од бројните коментари.