Грешка во филмот „Тома“ која многу од гледачите не ја забележаа: „Бјелогрлиќ така сакаше, за своја душа…“

Филмот „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ ја воодушеви публиката, а поради последните сцени од истиот малкумина не успеаја да не пуштат солза.

Сепак, во самиот филм се „провлекла“ една грешка, која многу од гледачите не ја забележале.

Google search engine

Имено, популарната песна на Лепа Лукиќ, „Срце је моје виолина“ која во филмот ја изведува актерката Оливера Бачиќ – не ни постоела во времето додека пејачот Тома Здравковиќ настапувал.

 

Поради тоа Лепа, во реалниот живот таа песна не можела да ја пее на концертите и турнеите во тоа време, како што тоа е прикажано во филмот.

Информацијата, ден по премиерата на филмот ја потврдила и самата Лепа Лукиќ. Таа изјавила дека на тоа му укажала и на режисерот Бјелогрлиќ.

„Убаво е што ја има песната „Виолина“ во филмот, но таа подоцна беше објавена. Тогаш пеев по турнеи. Режисерот на филмот го знаеше тоа, му кажав дека тоа е грешка. Но, Бјелогрлиќ инсистираше песната да биде изведена во филмот за негова душа“, изјавила Лепа Лукиќ.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -