Ноќеска се направени хакерски напади на грчките хакери врз неколку македонски банки. На Твитер се огласија хакерите со известување дека ја нападнале ТТК банка.
Во исто време не се достапни страниците ниту на НЛБ банката ниту на СТБ банката. За последните две од „ Powerful Greek Army“ немаат објави.
TTK Banka AD Skopje – https://t.co/aVZGRbIgKg #Offline #PGA #OpEndMacedonia https://t.co/ath06zjIzi pic.twitter.com/m1HlCYGP6f
— Powerful Greek Army (@PowerfulGRArmy) February 22, 2022
„Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР“, соопшти утрово ТТК банка.
„ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата.
Во согласност со глобалните трендови, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити“, соопшти Народна банка.