Грчки медиуми: Грција ги укинува ковид-мерките – летово дозволен влез и за невакцинираните без тест?

Грција ги укинува сите мерки до септември, така што првите невакцинирани лица ќе можат да влезат во земјата без негативен тест за Ковид-19.

Од септември тестот повторно ќе се воведе, пишува грчкиот портал „Енимеротико“.

Реклама

Од Делфи, каде се одржува 7-от Економски форум, министерот за здравство Танос Плеврис, најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од месец мај до крајот на летото.

Тоа практично значи дека на невакцинираните нема да им бидат потребни тестови за да седат на отворени простории во барови, кафулиња, ресторани и ноќни клубови, и оваа мерка ќе потрае во текот на летото.

„Не ја игнорираме пандемијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, но подготвени сме за есента и за вакцинацијата“, вели грчкиот министер за здравство.

Информациите велат дека во Грција се разговарало летото да се помине без ограничување и само со самотестирање, без обврски за молекуларни и брзи тестови, пренесува „б92“.

Пресвртницата за носењето на овие одлуки ќе биде на 2 мај, пишуваат грчките медиуми, но тоа ќе се објавува чекор по чекор.

 

Реклама