Грчката полиција близу Атина пронајде украдени слики на Пикасо. Чинат цело богатство!

Грчката полиција денес пронајде уметничко дело од Пабло Пикасо и уште едно уметничко дело на холандскиот сликар Пит Мондријан, украдени од грчката национална галерија во 2012 година.

Крадците провалиле во галеријата и ја украле сликата на Пикасо Женска глава од 1939 година, која уметникот ја донираше на галеријата во 1949 година и Воденица на Мондријан од 1905 година, објави Ројтерс.

Google search engine

Полицијата денес пронајде две уметнички дела скриени во клисура во пошироката област на Атина и уапси еден Грк, изјави полициски службеник.