„ГРАНАТАТА ГО УНИШТИ СИОТ МОЈ СВЕТ!“ Јуриј во еден момент изгубил сѐ! Отишол до продавница, а кога се вратил ЗАТЕКНАЛ УЖАС!

Тој на влезот во станбениот блок им викал на полицајците да го пуштат додека зградата горела. Кога дошол во станот ги нашол телата на сопругата и нејзината мајка, кои, како што вели, загинале кога руска ракета разнела неколку ката во станбениот блок.

Телото на неговата тримесечна ќерка Кира било пронајдено подоцна.

Google search engine

Во еден напад исчезнале три генерации од едно семејство, што предизвикало огромна тага во земјата во која конфликтите траат веќе два месеци.

Во нападот загинале уште пет лица.

Јуриј ги пребарал урнатините во неделата за да види дали може да спаси нешто од станот. Количката на неговата ќерка била на парчиња.

Тој и Валерија биле заедно вкупно девет години.

,,Таа можеше да најде радост во сè. Одеса беше нејзиниот омилен град. Таа работеше во односи со јавноста и можеше да комуницира со многу луѓе, да ги разбере. Се восхитував колку добра писателка беше”, рече тој.

Тој рече дека Валерија била прекрасна мајка, совршена, негов дар од Бога.

Кира била родена на крајот на јануари, само еден месец пред почетокот на војната во Украина.

Неколку недели потоа, Валерија на Инстаграм напишала дека живее со „ново ниво на среќа“ по раѓањето на првото дете.

“Нашето девојче сега има еден месец. Тоа беа најдобри 40 недели”, напиша таа.

Јури за Би-Би-Си изјави дека биле многу среќни кога таа се родила.

”Бев во породилно за време на породувањето. Тешко ми е да прифатам дека мојата сопруга и ќерка повеќе не се тука. Руската граната вчера ми го уништи целиот свет”, рече тој.