Граѓаните кои не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, треба да ги одјават возилата во МВР

Министерството за внатрешни работи ги информира и апелира до граѓаните дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

Истотака, согласно пропишаните норми – сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал ако: возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија, ако возилото се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини.

Google search engine

Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува јавен повик до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 30.06.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура.

Ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило Министерството за внатрешни работи во согласност со законските надлежности ќе го избрише од евиденција на регистрирани возила и ке преземе мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.