Градоначалникот на Сарај: Не е вистина дека на местото на езеро Треска ќе се гради болница или трговски центар

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџити, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрли како невистини зборувањата дека на местото на спортско-рекреативниот центар Треска ќе се гради болница, поради што сопствениците на камп приколки се обврзани во рок од 60 дена да ги дислоцираат приколките.

– Рокот за дислокација на камп приколките е до крај на февруари, сметам дека е разумен рок и има време сопствениците да одлучат што ќе прават со приколките. Ние имаме и јавно претпријатие, сопствениците на приколки можат и таму да се обратат. Шпекулации и невистини се кажувањата дека на локацијата ќе се гради болница или трговски центар. Рекреативниот центар ќе заживее повторно и граѓаните ќе имаат каде да се забавуваат – вели градоначалникот Беџети.