Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со коронавирус.

„По резултатите од денешниот направен тест се утврди дека сум позитивна од COVID 19. Следните денови согласно препораките останувам во изолација. Бидете во добро здравје!“, напиша Петровска.

Google search engine

„Почитувани пријатели и колеги, штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот SarasCov-2. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам. Со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвараме во оружје еден за друг. Јас ке бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè, напиша Таравари во својата објава на фејсбук.

 

 

- АУДИО РЕКЛАМА -