Палманова е осмислена како совршен град, утопија во која земјата ќе биде правилно поделена помеѓу жителите. Иако тоа никогаш не се случило, италијанската ѕвезда на архитектурата и понатаму претставува национална гордост…
Ова архитектонско чудо го препозна и УНЕСКО, а дури и оние кои тргнале да го истражат ова место, не биле веднаш свесни зошто Италијанците се горди на својот идеален ренесансен град. Меѓутоа, Палманова е буквално ѕвезда на архитектурата, што најдобро се гледа од птичја перспектива.

Погледот од воздух прикажува речиси нереално правилен град со 9 краци кои ги спојуваат ѕидините во облик на ѕвезда. Причината за таквиот распоред на ѕидини била полесната одбрана на градот во случај на напад. Околу ѕидините е ископан канал, а во внатрешноста на градот се наоѓа правилна мрежа на подеднакво широки улици, без оглед на положбата или намената. Секој дел од градот имал своја функција и бил внимателно промислен, вклучувајќи ги и монументалните влезови.
Палманова и денес ги збунува посетителите бидејќи тие неретко се губат во неа поради фактот што мрежата на улиците и плоштадите е целосно поинаква од оние на кои сме навикнати.

Градот е основан во 1953 година во спомен на 22-годишнината од победата на Венецијанската Република над Османлиското Царство, а изграден е со цел Венеција да се одбрани од евентуалните напади од непријателите. Од 1960 година, Палманова се води како национален споменик на Италија.
За идејата на изградба на Палманова кон крајот на 16-от век бил заслужен грофот Џулио Саворгнан, а ја разработил Винченцо Скрамоци, еден од најважните венецијански архитекти.

Палманова е осмислена како совршен град, утопија во која земјата ќе биде правилно распределена помеѓу жителите, а секој од нив ќе има своја функција и рамноправност за да се постигне целосна самоодржливост. За жал, не се обединиле доволно луѓе кои би ги препознале предностите на еден таков град, па идејата пропаднала, а Палманова ја населиле затвореници кои биле помилувани според одлука на владата.
