Горан Бреговиќ станува глумец, доби улога кај оскаровецот Денис Тановиќ

Комедијата на оскаровецот Денис Тановиќ “Десет напола “, со Бранко Ѓуриќ и Изудин Бајровиќ во главните улоги, ќе ја има својата српска премиера во салата Комбанк арена. Интересно е дека епизодна улога во ова филмско остварување има музичарот Горан Бреговиќ.

Се радувам што публиката на фестивалот на авторски филм во Белград, а потоа и во кината ширум регионот, ќе има прилика да го види нашиот нов филм. Тој зборува за двајца пријатели, угостители кои се конкуренти, но неминовно упатени еден на друг.

Google search engine

Снимавме во пандемија, дуќаните беа затворани, луѓето се дистанцираа. Филмот го покажува Сарајево од едн друг, за мене многу интересен агол, и колку е важна соработката и неодстапувањето од вистинските вредности – пријателството, љубовта, добрите соседски односи.

Се надевам дека публиката барем малку ќе се насмее и ќе ја почувствува нашата добра енергија со која го создававме филмот – наведува во својата изјава Тановиќ.