Google Maps оди чекор пред сите: Area Busyness ќе ви помогне да избегнете гужва во сообраќајот во вашиот град!

Компанијата Google, често додава нови функции во својата позната апликација Google Maps, а од една од новите функции ќе биде особено корисна за време на празничната сезона.

Станува збор за функцијата наречена Area Busyness, која нуди информации за тоа колку има гужва во моментот во одредени населби, додека функцијата Directory Tab акцентот го става повеќе на информации за продавниците и објектите на одредени локации како што се трговски центри и аеродроми. Google Maps, исто така, ја проширува својата функција за следење на намирниците на повеќе познати брендови и маркети во САД и се обидува да ги направи подетални прегледите на рестораните.

Google search engine

Функцијата Area Busyness е продолжение на информациите што Google Maps веќе ги нуди за сообраќајниот метеж и популарноста на одредени маркети и локации во текот на неделата. Сега, наместо да нуди само детали за одредени места, Google Maps ќе може да дава информации за општата популарност на населеното место. Google се надева дека со оваа функција ќе им овозможи на корисниците да избегнуваат гужви или да ги пронајдат истите доколку се расположени за весела атмосфера. Функцијата Area Busyness ќе биде достапна ширум светот на уредите со Android и iOS оперативен систем, за време на престојните празници.

Directory Tab ќе биде достапна за користење на сите аеродроми, трговски центри и транспортни станици низ светот каде што Google има достапни податоци. Апликацијата ќе може да дава детални информации како што се работното време како и оценките на корисниците на местото. Directory Tab ќе биде достапен глобално за оперативните системи на iOS и Android. Препораките за одредени ресторани и оценките на гостите дадени на Google Maps ќе бидат подетални и ќе прикажуваат дополнителни информации за цените. Поедноставен е и процесот на додавање информации за објекти.

Google Maps ја проширува и својата функција за преземање намирници, која им овозможува на корисниците да го следат статусот на нарачката и потоа да го споделат своето задоволство или не задоволство со продавницата од која имаат нарачано одреден продукт. Функцијата првично беше воведена претходно оваа година и оттогаш се прошири на повеќе од 2.000 продавници низ 30 американски држави.