Голи задници и безобразни фотографи: Вака изгледа негламурозната страна на најпрестижниот филмски фестивал

Канскиот филмски фестивал важи за еден од најпрестижните настани кој секоја година на француската ривиера ги обединува најголемите ѕвезди од светот на шоубизнисот.

Минатата година тој не се одржа поради пандемијата на коронавирусот, но затоа е најавен за овој месец. Главниот моден императив на црвениот тепих е гламурот, а за поканетите постојат и строги правила – на пример, жените мора да носат високи потпетици, а мажите одела.

Google search engine

Но, тие правила не им се допаѓаат на сите, особено на актерката Кристен Стјуарт. Таа на фестивалот во 2018 среде црвениот тепих демонстративно ги соблече високите потпетици и се прошета боса, а истата година се појави и во патики.

Во текот на годините на Канскиот фестивал не недостасуваше ниту голотија, што случајна, што намерна. Кендал Џенер дури двапати се појави во Кан во целосно проѕирни фустани, а нејзината колешка, манекенката Бела Хадид случајно откри премногу со опасно високиот шлиц на својот црвен фустан.

Проблеми со гардеробата имале и актерката Никол Кидман и манекенката Петра Немцова додека француската актерка Емануел Сење во една прилика за малку ќе ги покажеше своите голи гради.

Во Кан можеа да се видат и многу голи задници и тоа воглавно поради ветрот кој ги подигнал фустаните на актерките Клои Севињи, Арта Доброши…

Многумина го помнат и неславниот пад на актерката Хелен Мирен, како и безобразниот фотограф кој се вовлече под фустанот на Америка Ферера.

Погледнете ги останатите негламурозни моменти од престижниот филмски фестивал:

Претходна(Видео) Голема акција на полицијата во Хрватска: Уапсен директорот на ХРТ и поранешни соработници на Бандиќ
Следна(Видео) Снимка која ја згрози Италија: Затворски чувари дивјачки тепаат затвореници