Големо незадоволство по најавата за спојување на предметите историја и географија: Што ќе им е на децава географија? Ќе си отворат Google maps

Историјата повеќе нема да се изучува како засебен предмет туку како дел од општествените науки, информираше министерката за образование Мила Царовска, претставувајќи го новиот концепт за образовниот систем.

 

Google search engine

По предлогот на Министерството за образование за нoвиот концепт со кој што предметите историја и географија повеќе нема да се изучуваат посебно, туку ќе бидат споени во еден предмет општествени науки и биологијата и хемијата би биле споени во еден предмет – природни науки.

„Овој модел наликува на финскиот, иако македонски со наши спецификации, капацитети и можности“, изјави министерката Царовска.

„Основното образование е база на образованието и затоа промените ги започнуваме токму оттаму. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици“, изјави министерката Царовска.

 

Овој нов модел во образованието предизвика бура од реакции во јавноста, но и кај Твитерџиите кои ни овојпат не поштедија никој: