На европските берзи денеска наутро цените на акциите значително паднале додека вложувачите го следат вестите за војната во Украина и се проценува дека на пазарот ќе влијаат и новите санкции на Западот против Русија.
“STOXX 600” индексот на водечките европски акции во 9:30 часот бил во минус 1,2 проценти.
Притоа лондонскиот “FTSE” индекс паднал за 1,16 проценти, на 7.401 поен, додека франкфуртски “DAX” потонал 1.92 проценти, на 12.284 поени, а париски “CAC” за 3.10 проценти, на 6.543 поени.
Најмногу паднале акциите на банките
Утрово најмногу паднале, во просек од 4.8 проценти, цените на акциите на банките, при што најмногу оние кои се најизложени деловно во Русија, бидејќи вложувачите се плашат од нарушувања откако во склопот на санкциите на Западот против Русија на некои руски банки им се оневозможени трансакции преку глобалниот платежен состав “SWIFT”.
Утрово вредноста на руската валута потонала за речиси 30 проценти, па моментално за еден долар треба да се издвојат рекордни 120 рубљи.
Руската централна банка драстично ги зголемила каматните стапки од 9,5 на 20 проценти и порачала дека деловните банки ќе се ослободат од дел од задолжителните резерви за да се одржи ликвидноста на финансиските пазари.
Несигурно е и на азиските берзи
И на азиските берзи се тргува многу несигурно. “MSCI” индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, бил во околу 9:30 речиси непроменет, откако рано утрово паднал за околу 0.8 проценти.
На Токијската берза “Nikkei” индексот пораснал за 0.2 проценти, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Австралија пораснале меѓу 0.3 и 0.8 проценти. Во Хонг Конг, пак, паднале за 0.3 проценти.
Азиските вложувачи се несигурни додека ги следат вестите за понатамошните напади на руската војска на украинскиот главен град Киев и другите големи градови.
По почетните загуби повеќето берзански индекси моментално се во плус, што најмногу е благодарение на растот и рударскиот и нафтениот сектор, кој го поддржал растот на цените на нафтата и сировините.
Раст на цената на нафтата
Цените на нафтата утрово пораснале, по падот во петокот, бидејќи на пазарите повторно завладеал страв од нарушување во снабдувањето со нафта до Русија.
Цената за барел на лондонскиот пазар скокнала за 5.25 проценти, на 103.05 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапел за 6,1 проценти, на 97,15 долари.
Од друга страна, берзите се под притисок поради падот на американските термински индекси за повеќе од 1 проценти, што е најголем пад на цените на акциите на Вол Стрит во понеделникот, по два дена раст.
„Во текот на викендот имаше негативни вести. Станува збор за ризиците по стабилноста на финансискиот состав, а имало дури и закана со нуклеарно оружје. Нестабилноста на пазари е зголемена, а цената на акциите осцилираат“, вели Кајл Рода, аналитичар во компанијата “IG Australia”.
Вложувачите ги загрижува и ризикот од понатамошен раст на инфлацијата поради растот на цените на енергенсите, што централните банки би можело да ги наведе на заострување на монетарната политика. А тоа би го забавило растот на глобалната економија.
Аналитичарите од “Goldman Sachs” проценуваат дека инфлацијата во еврозоната во оваа година би можела остро да порасне на 5 проценти и дека кризата би можела да го намали бруто-домашниот производ на тој блок за 0.4 проценти.
„Нестабилноста на пазарите ќе потрае уште некое време додека прашината не спадне. Во меѓувреме пазарите ќе осцилираат од вести до вести“, вели Шејн Оливер, економист во компанијата “AMP Capital”.