Големата НБА ѕвезда, Никола Јокиќ денес стана татко! Но како се запознаа со сопругата

Српскиот кошаркарски репрезентативец, и МВП играчот во НБА лигата за минатата сезона, Никола Јокиќ денес стана татко.

Сопругата на МВП играчот од најмоќната кошаркарска лига во светот, на свет денеска донесе девојче, а името на малата ќе биде Огњена.

Google search engine

Никола Јокиќ се ожени минатата година со Наталија Маќешиќ, која на кошаркарот му е љубов уште од средно училиште. Венчањето беше одржано во Сомбор.

Тие својата романса ја започнуваат многу млади, се запознаваат пред локален кафич преку нивни блиски пријатели. Почнуваат со меѓусебна дружба која за шест месеци прераснува во љубовна врска. Првиот голем проблем за нив е заминувањето на Наталија од Србија, поради студии надвор од државата, а тоа многу влијае врз Никола, кој на моменти размислувал да ја остави кошарката и да замине кај саканата, како што еднаш изјави неговиот тренер, Дејан Милојевиќ.

Брзо по заминувањето на Наталија, следуваше професионалниот договор на Никола во НБА лигата, така што неколку години беше разделен од неговата понежна половина.

Често за нив се кажува дека се како „мравка и слон“ бидејќи Никола е висок 213 цм, додека неговата сопруга е само 173 цм.

За потсетување, Јокиќ поради бременоста на неговата сопруга ги откажа своите настапи за српската кошаркарска репрезентација оваа година.

На мое големо жалење, ова е момент кога морам да соопштам, дека и покрај големата желба, не сум во можност да настапувам за репрезентацијата. Едноставно, моето тело е надвор од терените одреден период поради повреда и одмарање од напорната сезона. Тоа е став и за клубот каде играм и мора да го почитувам. Убеден сум дека момците и без мене имаат квалитет да направат резлутат кои ќе ни донесе многу радости, изјави тогаш Јокиќ.