Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, имаша забава со огномет во Белград по повод освојувањето на титулата на Ролан Гарос.
Српскиот ас се врати во српската престолнина по победата на париските земјени терени да го прослави големиот успех.
Неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ организираше приватна прослава во ресторанот Новак, кој се наоѓа во непосредба близина на познатата Белградска арена, а ново крунисаниот шампион на Ролан Гарос беше во исклучително добро расположение.
Тој дојде на забавата со малиот пехар на Грен слемот во Париз и одлично се забавуваше.
Се очекува дека за две дена Новак Ѓоковиќ ќе отпатува за Мајорк и таму ќе се подготвува за турнирот во Вимблдон кој стартува на 28 јуни.