Порталот „Центар.мк“ пренесува дека вечерва се спроведува голема полициска акција во штип, во која е запленет дрога во вредност од половина милион евра.
„Во акција на МВР на територијата на Штип вечерва падна организирана група и уапсени се повеќе лица, како македонски, така и странски државјани“, пишува Центар.мк.
Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат за утре.