Голема огнена топка се појави на небото! Русите се уплашија од непријателски напад но вистината е сосема поинаква (видео)

Светлечкиот метеор е забележан од локалното население на небото над руското одморалиште Сочи, кое се наоѓа на брегот на Црното Море.

Директорот на Државната универзитетска опсерваторија во Кубан, Александар Иванов, изјави дека силната светлина на небото била предизвикана од голем метеор, небесно тело кое влегло во атмосферата.

Google search engine

Обичниот метеор има послаба светлина, како Јупитер и Сатурн. Ако светлината е како на Венера, или посилна, тогаш тој феномен се нарекува голем метеор – објасни рускиот научник.

Иванов изјави дека голем метеор поминал низ небото во источните и југоисточните делови на Сочи.

Феноменот наводно е поврзан со сезоната на обилни метеорски дождови Geminidi, која трае од 4ти до 17ти декември и чиј најголем „достерл“ се очекува да биде на 14 декември.

Можно е некои огромни фрагменти веќе да летаат во нашата атмосфера – посочи Иванов.