Голема акција на МВР: Уапсени повеќе од 15 криминалци, претреси на многу локации

Голема полициска акција се одвива утринава на подрачјето на Скопје. Македонската полиција, засилена со специјалци, врши претреси на многу локации, но не само во Скопје, туку претреси се вршат и во Битола и во Ресен.

Притоа, како што дознаваме, лишени од слобода се повеќе од 15 криминалци, а при претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.

Google search engine

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.