Голем пожар во психијатриска болница во Јапонија, загинаа 27 лица (Видео)

Најмалку 27 лица загинаа во пожар што зафати психијатриска болница во јапонскиот град Осака. Полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.

Официјалните лица соопштија дека уште едно лице е повредено.

Google search engine

Полицијата го истражува подметнувањето пожарот и наводите дека маж ја запалил зградата, соопшти локална агенција, повикувајќи се на истражителите.

 

Други локални медиуми јавуваат дека постар маж донел кеса од која истекувала запалива течност и потоа избил пожар. Оттаму додаваат дека се верува оти се работи за пациент на оваа институција.

Пожарот избувнал веднаш по отворањето на клиниката во 10:00 часот по локално време и во најголем дел бил изгаснат по 30 минути, јавува јавниот сервис НХК.

Во зградата каде што избувна пожарот има и салон за убавина, продавница за облека и училиште за англиски јазик.

Веб-страницата на клиниката не е достапна, но онлајн архивата наведува дека лекува пациенти кои страдаат од депресија, проблеми со паника, нарушувања на спиењето и анемија.

- АУДИО РЕКЛАМА -