Голем број жртви од поплавите во Германија, повеќе од 1.000 лица се исчезнати (ВИДЕО)

Во разорните поплави во Германија загинаа близу 60 лица, а повеќе од илјада лица се водат за исчезнати само во една област, поради што канцеларката Ангела Меркел изрази сочувство до жртвите од како што ја нарече „катастрофата“, чиј што размер ќе се види во наредните денови.

Досега официјалниот биланс на жртви во Германија е 58, а најмалку 30 во државата Северна Рајна-Вестфалија и 28 во соседната Рајнанд-Фалц.

Google search engine

Властите во областа Ахвилер во Западна Германија во четвртокот вечерта соопштија дека очекуваат да се зголеми бројот на жртвите, додавајќи дека околу 1.300 лица се водат како исчезнати, но истакнаа дека треба да се има предвид дека има оштетувања на мобилните мрежи.

Во градот Бад Ноенахр-Арвилер се извршени повеќе спасувачки мисии, а некои сè уште траат.

Повеќе од 1.000 спасувачи ја помагаат областа, додека властите велат дека е рано да се каже колкава е штетата.

 

“Има починати, луѓе се водат за исчезнати, а многумина се уште се во опасност. Никогаш не сме виделе ваква катастрофа, ова е ужасно”, рече гувернерката на провинцијата во Рајнската област, Мала Дрејер.

За време на нејзината посета на Вашингтон, канцеларката Ангела Меркел рече дека четвртокот беше обележан со страв, очај, страдање и стотици илјади луѓе одеднаш се соочија со катастрофа.

„Изразувам сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски во катастрофата и со сето срце стојам покрај оние што се грижат за судбината на луѓето кои се водат како исчезнати“, рече таа, додавајќи дека страдаат и многу луѓе во Луксембург и Холандија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската Унија е подготвена да помогне.

„Моите мисли се со семејствата на жртвите од разорните поплави во Белгија, Германија, Луксембург и Холандија и со оние кои ги загубија своите домови“, напиша поранешната германска министерка за одбрана на Твитер.

Британскиот премиер Борис Џонсон исто така понуди помош во спасувачките операции, нарекувајќи ги поплавите „катастрофални“.

ПретходнаСЗО со предупредување до државите – да не ги укинуваат мерките против Ковид-19
СледнаГо чува срцето, ги исфрла токсините, а го регулира и нивото на холестерол: Рецептот за овој напиток секој треба да го знае