Го прочитала дневникот на својот малолетен син, па го пријавила во полиција: „Беше срцепарателно, не сакав да читам понатаму“

Иако за многумина звучи лудо и незамисливо мајка да го пријави сопственото дете во полиција, оваа жена немала избор.

Никол Шуберт ја чистела куќата тој ден 2019 година, кога го пронашла дневникот на својот 17-годишен син. Во него пишувало дека планира да ја убие сопствената мајка, а потоа истото ќе им го направи и на учениците од средното училиште во Вашингтон кое го посетувал.

Google search engine

„Беше едноставно срцепарателно. Не сакав да читам понатаму“, изјавила Никол низ солзи за „ABC“.

 

Тогаш донела тешка одлука – го пријавила својот се уште малолетен син во полиција. Го направила тоа бидејќи, како што вели, не сакала другите деца да ги загубат животите.

„Тоа е мое дете, јас го родив. Многу боли. Се уште боли“, изјавила мајката низ солзи и додала: „Во тој момент не се работеше само за мене и него. Стануваше збор за целото училиште – стотици луѓе, стотици деца“.

Не криејќи дека донела тешка одлука, Шуберт смета дека ја направила вистинската работа.

„Верувам дека спасив многу животи. Ако постои можност да се спаси дури и еден – една личност, едно дете – мислам дека се исплати“, вели оваа храбра мајка.

Нејзиниот син бил уапсен и се изјаснил виновен за кривично дело „закана со бомбашки напад“. Поминал низ ментална процена и завршил на програма за рехабилитација и општествено корисна работа.

Останатите родители ги предупредила да не ги игнорираат знаците кои упатуваат дека нивното дете се однесува чудно и невообичаено.

„Очигледно е дека не можеме постојано да ги контролираме постапките на своите деца. Кој може? Но, постојат знаци дека нешто не е во ред – зошто се однесува чудно? Зошто е таков кон себеси?“, вели Никол.

- АУДИО РЕКЛАМА -