Го прашале Гејтс како ја предвидел пандемијата: „Чувството не е убаво, но – ви кажав!“

Бил Гејтс во гостувањето на Јутјуб каналот „Veritasium“ зборувал за можните катастрофи кои што можат да се појават во светот по крајот на пандемијата со коронавирусот.

За климатските промени тој изјавил дека поради нив во наредните неколку децении ќе умираат поголем број луѓе годишно за разлика од Ковид-19, а стравот од биотероризмот доаѓа од претпоставките дека навистина еден ден може да се случи некој да создаде вирус – вештачки во лабораторија и да го пушти во светот.

Google search engine

Тој исто така истакнал дека низ историја токму епидемиите покажале дека тие се најпогубниот катаклизмичен настан за човештвото.

Кога водителот го прашал како го предвидел вирусот, Гејтс се „потпрел“ на цикличноста на респираторните вируси и кажал дека навистина не е добро чувството на моќ, велејќи: „Ви кажав“.

Тој исто така кажал дека жали поради недостатокот на визијата на светските лидери во моменти на опасности кои што му се закануваат на човечкиот род.

„Постојат ризици како земјотреси кои што постојано се повторуваат, или пак војни, пожари, урагани… Пандемиите не доаѓаат толку редовно и се мисли дека наредните години нема да има проблеми, па очигледно поради тоа не се вложуваат пари во тоа. Оваа пандемија ќе нè натера да сфатиме дека тоа треба да ни биде приоритет“, се надева основачот на „Microsoft“.

Тој исто така смета дека отсега како вид ќе бидеме попаметни и почесто ќе вложуваме во дијагностика и истражувања, т.е. ќе ги зголемиме можностите во тестирањата и специјализираните погони за побрза и поевтина изработка на термоотпорни вакцини.

„Интернетот го донесе „златното доба“ на ширење на информациите и можноста на образување од домовите. Сепак, социјалните мрежи често создаваат хаос и ги насочуваа луѓето во погрешна насока“, коментирал Гејтс за теориите на заговор кои што непрекинато се шират.

„Да се создаде сигурна вакцина е понапорно и почувствително. Било која грешка во тој процес носи страшни последици. Бројот на вакцините кои што сега можат да се произведат во одредено време зависи и од самата сигурност на нивната изработка“, заклучил Гејтс.