„Го побарав тоа затоа што се плашам“: Сопруга на арапски милионер ги открила барањата кои ги имала пред да се омажи со него

Инфлуенсерката Соуди, сопруга на арапскиот бизнисмен и милионер Џамала Бин Надака, на ТикТoк објавила видео со наслов „Работите кои ги побарав пред да се венчам со милионер“.

„Целосен пристап на неговата банкарска сметка, ормар од милион долари, 100.000 долари месечно за шопинг, три нови недвижнини ширум светот, личен телохранител затоа што се плашам“, напишала таа.

Google search engine

Очекувано, во коментарите веднаш почнале да ја критикуваат. Инаку, Соуди неодамна одговарала на прашања од следбениците, па открила и дека доаѓа од Обединетото Кралство и дека живее во Дубаи веќе 20 години. Исто така открила дека таа и нејзиниот сопруг се заедно шест години, а дека три години се во брак.

„Како се справуваш со жените кои сакаат да ти го украдат сопругот? Јас тоа го мразам“, ја интересирало некоја нејзина следбеничка, а таа одговорила: „Јас и Џамал си веруваме еден на друг 100 отсто“.

„Како се справуваш со критиките?“, ја прашале, а Соуди открила: „Би излажала доколку кажам дека не ме допираат, но потоа се присетувам која сум и се обидувам да не поминувам премногу време на социјалните мрежи“.

Соуди претходно открила и како изгледа еден ден како сопруга на богат Арап.

„Ова е еден ден во животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Утрово се пробудивме и Џамал кажа дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде пари за трошење и секако дека отидов во козметички салон. Тој сака кога се грижам за себе и ги трошам неговите пари за својот изглед. Избрав едноставен дизајн на нокти и тој потоа дојде да ме земе. Ми кажа да си направам и фризура додека тој извршува други работи. Потоа ми кажа дека сака да ме изненади, па дојдовме дома, се пресоблековме и ме однесе на вечера“, раскажала таа.

„На вечера јадевме салата, шкампи, филе и тирамису. Секако, сето тоа го плати Џамал“, заклучила таа.